ЖивотУбави совети
Направи сам: Лосион за масна коса!
Здодевно ви е да ја миете косата секојдневно, или на два дена и да ви е постојано мрсна? Најпрво, заборавете на секојдневно миење. Постојат ефикасни домашни лосиони кои ќе го спречат мрсењето, загарантирано.
Подгответе лосион за масна коса, на брз и лесен начин.
Потребни состојки: 100гр листови од коприва и 1л вода.
Подготовка: Измиените листови од коприва варете ги до вриење, тргнете ги од оган и откако ќе се излади лосионот користете го за миење на косата.
Како да го употребувате за да имате брз ефект? Косата после миење плакнете ја со овој лосион два пати во недела.