ЖивотУбави совети

Направете си вкусно домашно сирење, брзо и лесно!

За обожавателите на млечните прозиводи ова е идеален рецепт. Овој рецепт за домашно сирење е брз и лесен за подготовка, а загарантирано добар вкус ветува.

Состојки:

2кг свежно пресно млеко

100гр млеко во прав

4дцл кисела павлака

Сол

Се вари пресното млеко заедно со млекото во прав. Кога ќе проврие се трга од оганот и во него се додава киселата павлака со постојано мешање. На површината веднаш се појавува згрутчено млеко и со цедалка од чај вадите и ставате во сад. Кога се ќе избадите во поголема цедалка се става газа и ја додавате згрутчената смеса која предходно сте ја посолиле по желба. Чекате да се излади и потоа се става во чинија. дегустацијата може веднаш да започне.

Поврзани статии

Back to top button