ЖивотУбави совети

Направете сами – средство за отстранување на дамки од теписи и мебел!

Со помош на ова средство ќе можете да ги отсртаните дамките на седиштата во автомобилот, на мебел-штофот или да ги освежите своите теписи. За малку пари и труд отстранете ги дамките! 

Потребни состојки: 100мл течен сапун, 100мл алкохолен оцет и 100мл газирана вода.

Набавете си и шишенце со распрскувач и една четка.

Подготовка: Во еден сад измешајте ги течниот сапун, оцетот и газираната вода. Ставете ја мешавината во шише со распрскувач.

Употреба: Попрскајте врз дамките и оставете да делува околу 15 минути.  Потоа исчеткајте ги дамките со четка и оставете ги да се исушат.

Доколку е местото многу исфлекано истиот процес направете го уште еднаш. Успешно завршпена работа е загарантирана!

 

 

Поврзани статии

Back to top button