ЖивотУбави совети

Направете ручек за 20 минути

Кој не би сакал вкусен и хранлив ручек кој ќе биде готов за дваесетина минути?

За да подготвите таков ручек потребни ви се неколку големи главици брокула, 100 гр. меко сирење, 100 гр. рендан кашкавал, едно јајце, сол, црна бибер, оригано и малку сенф.

Брокулите потопете ги во врела вода и оставете ги да постојат пет минути. Настрана, на тавче попрскано со малку масло, запршете го сирењето, па додадете ги брокулите. Пропржете десетина минути, па додајте го изматеното јајце и зачините. Добро измешајте, тргнете ја тавата од оган, па ставете го кашкавалот и сенфот врз врелиот ручек и оставете да се стопи.

Совет плус: Наместо брокули, може да употребете зелка или тиквици.

 

Поврзани статии

Back to top button