ЖивотУбави совети

Направете ручек за 15 минути!

На лето, никој не сака да е предолго во кујната. Затоа ви предлагаме да го направите овој брз ручек кој е многу вкусен и лесен за подготовка.

Потребни ви се: 4 модри патлиџани, 400 гр. исецкани печурки, мала чаша бело вино, 2 лажици доматно пире, 200 гр. изрендан кашкавал, малку лук, 4 лажици маслиново масло, сол, оригано и црна бибер.

Пресечете ги по должина патлиџаните и извадете ја средината од нив. Во сад, измешајте ги печурките, лукот и виното. Додајте ги маслиновото масло, доматното пире и зачините. Со оваа смеса наполнете ги патлиџаните, прелијте ги со малку масло и печете ги во загреана рерна. При крај на печењето, ставете го кашкавалот врз патлиџаните.

Поврзани статии

Back to top button