ЖивотУбави совети

Направете вкусни и здрави ѓевречиња!

Сами пригответе вкусни домашни интегрални ѓевречиња. Ептен се брзи и лесни за подготовка, па затоа засукајте ги ракавите и фатете се за работа!

Состојки

150мл вода
300гр интегрално брашно
100гр бело брашно
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
100мл маслиново масло
1 свеж квасец

Смесете тесто и растегнете го со раце. Поделете го на четири еднакви дела од кои ќе поделите по три дела од секој дел. Од секој дел направете геврече во големина по своја желба. Во сад ставете топла вода и една лажица мед. Потопувајте го секое геврече во садот а потоа извалкајте го во сусам. На плех ставете хартија за печење и во загрена рерна на 180 степени печете околу 20 минути.

Поврзани статии

Back to top button