ДомУбави совети

Растенија кои ја прочистуваат енергијата

Се вели дека некои растенија зрачат со позитивна енергија. Ви предлагаме во домот да имате барем три такви растенија кои ќе ви ја прочистуваат енергијата, ќе ви го наполнат домот со позитивност и се преубави за декорација.

Алое Вера – лековитите својства на оваа билка на многумина им се познати затоа што често се користи во медицината и во козметката. Доволно е да го имате во домот барем во две простории.

Лаванда – Симбол е на љубовта и чистотата. Одличен лек е за оние кои мака мачат со несоница и депресија. Делува смирувачки и помага лесно да се заспие. Помага при главоболки, мигрена и вознемиреност.

Нане – свежо нане засадете во дворот или на терасата и во секоја просторија по една мала саксија. Спаѓа во најлековитите и најромантичните билки. Го подобрува помнењето и помага да се ослободите од заморот.

Јасмин – Едноставно со својата убавина плени. Се вели дека носи среќа и одлична енергија.

Поврзани статии

Back to top button