Од насУбави муабети
Нам ни е дадено за ден да сакаме и пак на разделба тажни да бидиме…
Разделба
Нам ни е дадено за ден да сакаме и пак на разделба тажни да бидиме, и пак си велиме: не заборавај ме! – а може никогаш да не се видиме. Пат ќе ни препречат мостој соборени, пат ќе ни препречат градој изгорени, пат ќе ни препречи куршумот в чело. И пак сме можеле тажни да бидиме, и пак си велиме: не заборавај ме! – а може никогаш да не се видиме.
Блаже Конески