Намирници кои се одлични за женското здравје
Понежниот пол живее со брзо темпо. Жените се мајки, сопруги, вработени, одат на пазарење, се грижат за домот, се трудат да се разубават… Но, понекогаш подзабораваат на своето здравје.
Затоа, од голема важност е правилната исхрана бидејќи таа е директно врзана со психичкото и физичкото здравје. Правилната исхрана делува превентивно на појавата на одредени болести, ја подобрува менталната состојба, енергијата и севкупниот физички изглед.
Составивме листа од намирници кои се одлични за секоја жена и за нејзината добра здравствена состојба.
Јогурт
Богат е со калциум кој е неопходен за здрави коски и заби. Го подобрува варењето и помага во борбата со вагиналните инфекции.
Грав
Помага при слабеење, регулирање на гликозата во крвта и го намалува ризикот од појава на рак на дојка. Помага и при регулирање на хормоните.
Спанаќ
Задолжителна намирница за секоја жена бидејќи е богат со железо и фолна киселина. Добар е за здравјето на кожата и желудникот.
Домат
Богат е со липокен кој ги намалува шансите од појава на рак на матката и благотворно влијае на вашето срце.
Јагоди
Содржат витамин Ц и калиум кои се неопходни за правилна работа на срцето и силен имунитет.
Лосос
Омега 3 масните киселини кои ги содржи лососот се клучни за менталното здравје и за правилната функција на кардиоваскуларниот систем. Штити и од појава на Алцхајмерова болест.
Темно чоколадо
Ги чува артериите здрави и го намалува ризикот од срцеви заболувања. Одличен избор и за подобрување на расположението.
Авокадо
Ова овошје содржи доста антиоксиданси и витамин Е кои ги намалуваат видливите знаци на стареење како опуштање на мускулатурата и појавата на брчки.
Маслиново масло
Помага при регулирање на крвниот притисок и го намалува ризикот од појава на рак на дојките и кожата.
Бадеми
Го намалуваат нивото на холестерол, помагаат при регулирање на телесната тежина и го подобруваат квалитетот на сонот.