Навики кои го рушат имунитетот
Зајакнувањето на вашиот имунолошки систем е една од најважните работи што можете да ги направите токму сега затоа што пандемијата на коронавирус сè уште трае.
Зајакнувањето на имунитетот има две страни, прво треба да консумирате храна што го зајакнува вашиот имунолошки систем, и второ, да ги избегнувате оние продукти што го прават спротивното.
Овие шест навики треба да се имаат предвид кога станува збор за зајакнување на имунитет. Избегнувајте ги, оти така го намалувате имунитетот.
Премногу солена храна.
Редовно консумирање алкохолни пијалаци.
Голем внес на кофеин.
Јадење храна која не содржи влакна.
Секојдневен внес на колачи, торти, тестенини и бело брашно.
Мали количини овошје и зеленчук.
Овие навики ќе ви го намалат имунитетот, а со тоа ќе бидете подложни за настинки, бактерии, вируси, плус ќе се чувствувате уморни и малаксани.