ЖивотУбави совети

Може ли врската со разведен маж да успее?

Во денешно време не е необично ниту чудно да се биде во врска со разведен маж. Разводите се многу почести, и за жал тоа е нормална работа. Овој факт води до тоа дека е многу лесно да запознаете партнер кој поминал низ таа процедура, но сега е слободен. Се разбира, сите ние имаме минато. Нема потреба да бидете скептични спрема некој што е разведен. Животот продолжува, па исто така и љубовниот живот оди напред. И тоа е сосема нормално. Само затоа што некој е разведен не значи дека е лош човек. Ако не бил добар за некоја друга личност, тоа не значи дека не е добар и за вас.

Како да се однесувате кога ќе се запознаете со таков маж, или пак ако веќе сте започнале таква врската на што да внимавате?!

Не спомнувајте го зборот “развод”. Не дозволувајте овој збор постојано да ве поминува низ вашите мисли. Тогаш кога размислувате за тоа, бидете сигурни дека разводите не се разликуваат од прекинот на долгата врска – тие се само поскапи. Никогаш не гледајте на неговата поранешна сопруга како нешто негативно. Запомнете – секогаш има три страни на приказната: нејзината, неговата и вистината. Не судете за нивната врска, бидејќи тоа не е ваша работа. На крајот на краиштата, не би сакале некој вам да ви суди за поранешното момче, нели?

Ако има деца, не ги запознајте веднаш – почекајте. Најдобар совет околку ова е да ги запознаете децата кога вие ќе почувствувате дека е потребно. Но, бидете внимателни. Станува збор за многу чувствителна работа. Дури и ако двајцата сте подготвени за таков потег, најважно е како се чувствуваат децата. И тие поминале преку разводот на нивните родители, па имајте на ум дека ова е навистина чувствителна ситуација и за нив. Исто така, кога ќе одлучите да се запознаете со неговите деца – бидете подготвени за најлошото, иако на крајот може да испадне одлично. Децата имаат свои чувства и се подготвени на вас да ја истурат лутината. Тие можеби ќе ја истураат лутината врз вас долго време, па размислете внимателно кога е време да се запознаете со нив.

Немојте да се трудите многу околу неговото семејство. Кога станува збор за децата – морате да се трудите. Сепак, не претерувајте со подароци или слични гестови. Значи, нема да ја купите нивната љубов! Истото важи и за остатокот од семејството. Ако сте ги сретнале, бидете мирни и свои. Не се споредувајте со неговата поранешна сопруга по ниедна цена. Нека ве прифатат такви какви што сте.

Прифатете го каков што е. Се разбира, ако навистина го сакате и сакате да бидете со него. Но, исто така, не се обидувајте да го промените. Разведените мажи имаат многу позрело размислување од оние кои не го поминале тој процес. Тие знаат што сакаат, тие се силни и порешителни во своите одлуки. А, таков човек и е потребен на секоја жена, нели? Не брзајте и барајте од врската нешто невозможно. Повеќето разведени луѓе имаат тенденција да направат работите да се одвиваат полека. И  тоа е со добра причина. Дајте му време.

Имајте разбирање за неговиот распоред и време. Ако вашиот партнер има дете, тогаш мора особено да ги разберате неочекуваните повици, промените во распоредот и планот… Бидете подготвени за брзи промени на плановите, откажување на договори со вас и слично. Исто така, прифатете го фактот дека никогаш нема да сте му број еден на тој човек кој има деца. И тоа е сосема нормално и лудо е да очекувате нешто друго. Секој добар родител го става своето дете на прво место. Всушност, тоа треба да ви покаже за каква личност станува збор.

Не заборавајте, секоја љубов си бара жртвувања..

Поврзани статии

Back to top button