МодаУбави совети

Модни детали за совршен летен изглед

Летото е сезона кога може да уживате во кежуал изглед кој сепак делува романтично и нежно.

Следнава листа на задолжителни парчиња за ова лето ќе ви помогне да имате вистински летен стил и да бидете забележана каде и да се појавите!

Наметка за плажа

Без неа – ништо! Со наметките за плажа ќе изгледате шик и пристојно, без разлика дали пиете кафе во барот на плажа или пак шетате покрај брегот.

Сламена торба

Тие се незаменливи секое лето. Можете да ги носите на плажа, но одлични се и за низ град, за опуштени прошетки во комбинација со бела кошула и фармерки шорцеви или пак бохо – фустан.

Слатки гумени папучи

Тие се водечкиот Инстаграм тренд. Удобни се и практични и ќе ве направат вистинска трендсетерка на плажа или на опуштено кафе со пријателките.

Накит

Играјте со боите. Во лето дозволен е накит во многу бои. Одберете ситни прстени, долги обетки или ѓердан со тиркизни камења.

Долг цветен фустан

Почестете се со нов фустан. Нека биде лелеав, разигран, весел. Може да го носете насекаде, па дури и за на работа, доколку на местото каде што работите нема официјален дрес – код.

Марама

На глава, на чанта или околу врат. Марамите се задолжителни и ова лето.

Поврзани статии

Back to top button