Моден детаљ по кој полуде светот!
Последниот моден крик е сламен шешир сличен на оној што го носиме на плажа додека пиеме коктел… Но, овој изум на креаторот е посебен, а крие единствената приказна. Овој дизајнер, кој потекнува од Марсеј, познат е по својата љубов кон природата, позитивната ставка и уникатните дизајни. Така заради својата големина, овој сламен шешир веднаш подигнал прашина, а модниот свет само чекаше да го вклопи во многу комбинации. Симон Порт Жакемус (28) 2010. се доселил во Париз поради студии за моден дизајн. Кога само по неколку месеци подоцна ги напуштил студиите, веројатно не ни помислувал дека една година подоцна неговиот шешир од колекцијата „La Bomba“ ќе стане вистински моден хит.
Овој млад креатор, кој некогаш сакал да биде свештеник, со својата работа и оддава пофалби за стилот и духот на својата мајка. Таа првично, била неговиот прв модел, а денес е и понатаму негова најважна и најголема муза. Како мало момче направил фустан од беж платно за неа, што го носела следниот ден кога го водела на училиште. А по нејзината прерана смрт во 42 година, Симон создадал сопствен бренд.
https://www.instagram.com/p/Bjm68IJBwtw/
https://www.instagram.com/p/BjsIXfXhE4b/?taken-by=jacquemus
https://www.instagram.com/p/BjuqnaqBWnH/
https://www.instagram.com/p/BjIMCFVl7Q_/?taken-by=jacquemus