ЖивотУбави совети

МНТ наградува!

Двајца наши читатели ќе добијат по два гратис билети за 13.06.2018 од 20 часот.

Дух   Дејан Дуковски 

Принцот Хамлет има знаење што му смета во конфликтите на феудалниот свет. Пред неразбирливата стварност неговиот ум е непрактичен. И сега седи со парализирана волја, во стазис, во длабока внатрешна дилема. Паѓа како трагична жртва на спротивноста на своето резонерство и својот чин. И сега? И сега што да правам јас во овој квази феудален свет? Да пишувам психодрама или да земам оружје во рака? Сите гинат на крај. Убаво е секогаш да се потсети на Шекспир. Треба стално да го цитираме Шекспир. Во нашава приказна или крвава фарса, работите се одвиваат така што извесен Мара се буди од својот Хамлетов синдром и решава да делува. Да исправи нанесена неправда. Тргнува во борба за своите права. Неговото главно оружје е хипнотичката моќ на убедување и вештината на убивање. Кој е Мара? Револуционер? Занесен поет? Среќен параноик? Мара херој или жртва? Спасител или убица? Мара добриот или Мара лошиот? Мара надеж или Мара смрт? Мара ловџија? Мара зајак пред фарови? Мара главен лик, јас, сваќам дека е нешто гнило. Дека неправдата е во сржта на целиот систем. Рибата смрди од глава. Извесен волк не држи сите во трло и ни пие крв по потреба. Многу добро ухранет волк. Место овчар и кучиња, воклот не чува. За да ја исправам мојата лична неправда мора да го исправам целиот систем. И јас Мара, решавам да станам луд Мара. Да влезам во волчјето дувло и да му ја симнам главата на волкот. Кој се плаши од волкот лош, три за грош. Кожата да му ја газам на под, забите да му ги чувам како трофеј.

Актерска екипа:

Мара – Гораст Цветковски
Кирил, банкарот – Никола Ацески
Никола, таткото на Мара – Емил Рубен
Аспасија, мајката на Мара -Тања Кочовска
Жанко, братот на Мара – Ивица Димитријевиќ
Марија, жената на Мара – Тина Трпкоска
Попот – Оливер Митковски
Милена, ќерката на Мара – Матеа Јанковска
Николај – Сашко Коцев
Жозефина – Нина Деан
Месарот – Јордан Симонов
Волкот – Тони Михајловски

Пијано – Надежда Рубен
Гитара – Ивица Димитријевиќ

Поврзани статии

Back to top button