ЖивотУбави совети
Меко лебче со маслинки и рузмарин!
Смесети си мек леб со маслинки и суви зачини. Наздравје!
Состојки:
500гр брашно
1 свеж квасец
100мл маслиново масло
250мл млака вода
150гр маслинки(сечкани)
2 лажички оригано
2 лажички рузмарин
2 лажички мајчина душичка
Измешајте брашното и солта. Додадете го маслото, квасецот и водата и замесете тесто. Нека одстои час и половина. Потоа повторно размесете го и додадете ги маслинките и сувите зачини. Ставете го на намастена тава и нека одстои уште 15 минути. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 30 минути.