Од насУбави муабети

Лошите врски имаат отровни последици!

Кога сте во токсична врска, не разбирате колку емоционалната злоупотреба влијае на вас. Најмалку НЕ додека сте во неа. Во лоша врска, сè што е поврзано со неа е од зависност и навика. Знаете и не знаете што ќе се случи. Се надевате дека оваа состојба ќе се промени, но наоѓате и утеха во работите кои остануваат исти. Постои некаква удобност кога некого длабоко го познавате.

Тешко е да се извлечете од тоа. Дури и кога заминувате, сфаќате дека ви недостасува таа состојба. Ви недостасува адреналински наплив на интензивни емоции. Од љубов кон врескање.

Но, некогаш ќе се сретнете со добар човек. И кога тоа ќе се случи, дознавате колку е лошо влијанието на вашата врска од минатото. И понекогаш ќе ги туркате луѓето од вас токму поради предходното искуство.

Вие не сте навикнати на нечиј добар однос кон вас, па речиси ќе го отфрлите и избегнете по секоја цена. Ова се фазите кои ќе ги поминете со новиот партнер само поради претходната врска.

Првично, ќе го очекувате најлошото.

Ќе анализирате сè до најмала ситница.

Ќе помислите дека е премногу добар за да биде реален.

Ќе се обидувате да го оддалечите од вас.

Ќе бидете во исчекување на кавги.

Често ќе се извинувате.

Ќе се прашувате дали му е подобро без вас.

Ќе се грижите премногу.

И на крај, ќе започнете да му верувате!

Поврзани статии

Back to top button