Лесна торта со павлака!
Потребни состојки: 5 жолчки, 120гр шеќер, нане, 4дл павлака, 3дл млеко, 10гр листови желатин, 150гр чоколадо, шеќер во прав и кора од лимон.
Подготовка: Ставете го желатинот да омекне во ладна вода. Во меѓувреме изматете ги жолчките со шеќерот и полијте ги со врелото млеко. Додајте десет листа нане и малку ситно рендана кора од лимон. Ставете го садот на тивок оган. Додајте го исцедениот желатин. Садот ставете го во поголем сад со ладна вода и оставете го да се олади кремот. повремено мешајте го кемот. Изматете 3дл павлака и додајте ја на кремот. Смесата сипете ја во еден калап со зафатнина од 1л и оставете ја да се олади неколку часа во фрижидер. Чоколадото ставете го во поголем сад со вода на тивок оган. Додајте ја останатата павлака. Извадете ја тортата и прелијте ја со млакиот сос. Декорирајте ја со шеќер во прав и листенца нане.