Лесен и брз рецепт за чоколадна торта со суво овошје!
Потребни состојки: 2/3 чаша бадеми, 2/3 чаша ореви, 2/3 чаша лешници, 180гр мешано суво овошје, 2/3 чаша брашно, 2 лажички какао, 1 лажичка цимет, 60гр темна чоколада, 60гр несолен путер, 1/3 чаша шеќер и 1/4 чаша мед.
Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Намастете една кружна тава со дијаметар од 20см со стопен путер или масло. Прекријте ја со хартија за печење. Исечкајте го сувото овошје со апетисаните и измешајте ги во поголем сад. Додајте ги брашното, какаото и циметот и се заедно измешајте. Во средината на смесата направете вдлабнатина. Измешајте ги чоколадото, путерот, шеќерот и медот во мала тава на ниска температура додека не се стопи и соедини смесата. Тргнете ги од оган. Додајте ја смесата со путерот на смесата со суво овошје. Со дрвена лажица мешајте додека не се соединат сите состојки. Префрлете ја смесата во тава и израмнете ја. Печете ја тортата 50 минути. Оставете ја да се олади во тава пред да ја извадите. Посипете ја со шеќер во прав и сервирајте ја.