ЖивотУбави совети
Крцкав пилешки стек во комбинација со маслинки
Имаме одлична идеја за денешниот ручек!
Потребни ви се 3 до 4 парчиња пилешки стек, 300 гр. исчистени маслинки, свеж магдонос, 3 лажици маслиново масло, 2 главици црвен лук, една лажица бел лук во прав, сол, пола лажица куркума во прав, пола лажица мелен ѓумбир, пола лажиче шафран и 1 лимон.
Во широка тава намачкана со масло ставете го месото и добро пропржете го од двете страни. Исецканиот лук и магдонос заедно со зачините додадете ги во тавата и мешајте постојано. Кога ќе бидете при крај со пржењето на месото, тргнете ја тавата од оган. Префрлете го месото во стаклен, огненоотпорен сад за печење и ставете ги маслинките и кришките лимон. Посипете со маслиново масло и печете десетина минути.