ЖивотУбави совети

Кој период од денот е најдобар за учење?

Се наближува почетокот на учебната година, а со тоа и проблемите на родителите бидејќи на децата ќе им биде тешко да се вратат во колосек и да почнат со учење по паузата од речиси од три месеци.

Но, американските научници имаат решение за сите тие битки околу учењето. Тие сметаат дека детето најдобро е да учи и пишува домашни работи во доцните попладневни и вечерни часови, наместо веднаш штом ќе си дојде од школо.

Имено, научниците по едно истражување потврдиле дека продуктивноста и креативноста кај децата е на највисоко ниво во периодот од 7 до 10 часот навечер. Во овој период од денот, децата се поспособни да примат нови информации за разлика од кој било друг период во текот на денот.

Исто така, за време на истражувањето се открило и дека децата побрзо и подобро учат кога не се под постојан притисок од родителите и кога знаат дека по завршувањето на домашната работа ги очекува некаква награда, како на пример порција сладолед.

Поврзани статии

Back to top button