ЖивотУбави совети

Која храна е најдобра за губење на килограми?

Можеби мислите дека најдобриот начин да изгубите килограми е драстично да ја намалите количината храна што ја јадете. Тоа е делумно точно. Покрај самата количина, видот на храната што ја консумираме влијае и на формирање на масни наслаги. Кога сме гладни, стануваме нервозни и вознемирени, и честопати сето тоа завршува со јадење многу повеќе отколку што ни треба.

Треба да изберете намирници кои не содржат премногу калории, но го прават стомакот полн. Драстичен пад на шеќерот во крвта доведува до омалаксаност и до пад на нивото на енергија, така што телото чувствува потреба што побрзо да го надомести. Како тогаш да останете сити и витки?

Свеж зеленчук – Многу луѓе немаат навика да јадат свеж зеленчук секој ден, а идеален е за оние кои се грижат за своето здравје и тежина. Не само што содржи клучни витамини, минерали и фитохемикалии, па затоа директно влијае на имунитетот, но благодарение на влакната, зеленчукот е најпосакуваната состојка во исхраната. Свеж зеленчук треба да се јаде најмалку двапати на ден, и идеално е секогаш да комбинирате неколку различни видови (салата).

Протеини – Јајцата, пилешкото, рибата и мешунките ќе ве заситат благодарение на протеините. За да не бидете гладни само еден час по завршувањето на оброкот, обидете се редовно да имате една од овие намирници на вашата чинија. Тие се важни за здравјето на мускулите, коските и ткивата, но и за правилното функционирање на дигестивниот систем.

Житарки од цело зрно – Заборавете на пекарските производи и различните колачи и лебчиња направени од бело брашно. Покрај тоа што брзо ќе станете гладни по нив, брзо ќе добиете и тежина, а тоа е она што сакате да го избегнете. Одберете производи од цели зрна, а овесот, киноата или интегралниот ориз ќе бидат добар избор.

Јаткасти плодови – Кикирики, бадеми, лешници и ореви, се намирници со висока содржина на протеини кои содржат омега-3 масни киселини. Тие се исклучително хранливи, затоа треба да се јадат секој ден, но во умерени мали количини (поради големиот процент на маснотии).

Поврзани статии

Back to top button