Користете ги мудро козметичките препарати!
За да ви траат подолго средствата за козметичка и за медицинска нега и за да ги искористите целосно, усвојте нешто од советите што следуваат.
Вашиот омилен парфем е при крај? Ставете во шишенцето малку вода, па нека таа течност ви служи како освежувачко средтство за вашиот дом или плакар.
Четките кои ги употребувате за шминкање треба повремено да ги измиете со благ раствор од сапуница, а потоа за миг да ги брцнете во омекнувач.
Сунѓерот за туширање повремено оставајте го да искисне во топла вода и сода бикарбона.
Додека работите со детергенти на рацете ставајте заштитни ракавици. Кога ќе ги извадите ракавиците измијте ги рацете со топла вода а потоа намачкајте ги со хранлив крем.
Стврднатите маскари ставете ги во најлон кеса која добро ќе ја затворите, пота спуштете ги во топла вода да постојат неколку минути.
Ставите неколку капки парфем на хартиено марамче и носете го во вашата чанта. секогаш кога ќе ја отворите од неа ќе излегува убав мирис.
Неколку мали сапунчиња наместо да ги фрлите загрејте ги на оган и додадете маслиново масло. Нека се стврднат во калапи, потоа уживајте во домашно приготвениот сапун.