ЖивотУбави совети

Корејците измислија нов „лек“ за гребнатини на автомобили

Речиси и нема возач кој не го доживеал ужасот да го види својот автомобил изгребан. Во потрага по решение за овој премногу вообичаен проблем, инженери од Јужна Кореја развија нов материјал, пишува New Atlas.

Супстанцијата може да отстрани гребнатини од површината, и тоа многу лесно, без мајстори во работилници и машини за полирање. Се што е потребно е да се нанесе заштитната обвивка на гребаниците и да се изложи возилото на сончева светлина. Новиот слој содржи полимерна мрежа базирана на акрилик-полиол, која функционира благодарение на влијанието на инфрацрвените зраци. Супстанцата се нанесува на повредената површина и чека 30 минути додека не „проработи“ сонцето. Со лупа која ги концентрира сончевите зраци, гребаниците може да се „залечат“ уште побрзо.

Според водачот на студијата д-р Џин Чул Ким, новата технологија синтетизира само-заздравувачки облоги користејќи и евтини комерцијални полимерни материјали и фототермални бои. Истражувачот објасни дека облогата се состои и од полимерна мрежа која заедно со акрил-полиолот создава динамична хемиска врска, а сончевата светлина делува како „активатор“ што промовира хемиска реакција на „лекување“.

Научниците додаваат дека развојот е многу ветувачки и може значително да го олесни животот на сопствениците на автомобили ширум светот. Се нанесува и на други предмети кои исто така можат да се изгребат – паметни телефони, таблети, па дури и градежни материјали.

Слична технологија против гребење веќе е имплементирана во автомобилите на BMW iX. Предната решетка е направена од специјален материјал кој може да се „самопоправа“ доколку се оштети. Доволно е да го загреете, на пример, со едноставен фен, па дури и да го оставите на сонце.

Поврзани статии

Back to top button