МодаУбави совети
Комбинации кои никого нема да остават рамнодушен!
Дневни и вечени измачувања со тоа што да облече има секоја една жена на светов. Често пати плакарот ни е затрупан со еден куп интересни и тренди парчиња, но ние сепак мислиме дека нема што да облечеме и дека ништо со ништо не ни одговара. Се случува еден голем дел од облеката да стои нова и необлечена во нашите плакари. Си велиме Не сега, некогаш друг пат можеби ќе ја искомбинирам… Жени сме, сакаме и треба да бидеме скоцкани од глава до пети. Сакаме нова, нова и нова гардероба, но што ако не ја комбинираме вешто?
Сликите во продолжение нудат куп инспирации и идеи за тоа како соодветно да ги комбинираме основните модни парчиња облека и да имаме беспрекорен и уникатен дневен и вечерен аутфит!