Колку шеќер смееме да внесеме на дневно ниво?
Колку шеќер можеме да внесеме во еден ден е прашање што го мачи секој гурман. А еве што велат експертите!
Секој кој внимава на исхраната и на внесот на калории, сигурно ќе води сметка за тоа колку шеќер консумира дневно. А кога малку ќе навлеземе во напишаното на пакувањето на храната, сфаќаме дека во речиси се има шеќер.
Сепак, за тоа не треба да бидеме особено загрижени, велат експертите. Имено, нашето тело ќе го разгради шеќерот, без разлика дали е органски мед или од шеќерна трска. Сепак, некои шеќери потешко се варат и имаат поголеми негативни последици за нашиот организам. На пример, брзата храна, како што се пицата и соковите, содржи високо ниво на шеќер, кои телото тешко ги обработува. Од друга страна, шеќерите во овошјето доаѓаат со антиоксиданси, влакна, минерали и витамини и му помагаат на телото да функционира правилно. Целосно избегнување на шеќер исто така не се препорачува и не е здраво.
Колку шеќер можеме да јадеме дневно?
Покрај тоа што е важно да се прави разлика помеѓу добри и лоши шеќери, важно е и да се знае колку шеќер можеме да консумираме дневно.
Според истражувањата, просечен човек консумира 77 грама шеќер дневно, што значи дека годишно консумираме околу 27 килограми шеќер! Иако ова звучи како многу, вистина е дека не постои официјална препорачана дневна доза на шеќер.
Сепак, нутриционистите препорачуваат ограничување на внесот на дополнителен шеќер. Така, се препорачува 10% од нашите дневни калории да бидат дополнителен шеќер. Тоа значи дека ако внесуваме 2000 калории дневно, можеме да изедеме 50 грама шеќер. Се разбира, ова се зема здраво за готово само ако сме и физички активни и тренираме.
Светската здравствена организација препорачува дневната доза на шеќер да се ограничи на 25 грама.
Се разбира, овие бројки и препораки се однесуваат на додаден шеќер, а не на шеќер што се наоѓа во храната како што се овошјето или млекото.