ЖивотУбави совети

Колку цреши и јагоди се дозволени дневно?

Црешите позитивно влијаат на имунолошкиот систем, бидејќи тие содржат биоактивни супстанции полифеноли, моќни антиоксиданси. Особено се препорачуваат за деца и возрасни кои страдаат од анемија. И богати се со фолна киселина, витамин Е, провитамин А, витамини од Б група, и минерали како што се манган, железо, калциум и магнезиум.

Но, и покрај сите бенефиции, треба да бидете внимателни. Не можете да ги јадете, кога сакате и во количина која вие ја сакате. Иако се многу вкусни и се вистинско освежување во топлите денови, и јагодите и црешите имаат свои барања. На мали деца особено се внимава. Може да предизвикаат големи алергии. Постепено давајте му на детето, за прв пат започнете од една јаготка, ако не се појави чешање и црвенило наредниот пат дадете две.

Не се препорачливи за лицата кои имаат проблеми со вишок телесна тежина или оние со зголемени вредности на холестерол и триглицериди во крвта.

Сите ние ги јадеме често, кога сакаме да се освежиме и да се заблажиме.Но, не сме свесни дека јагодите и црешите треба да се јадат во одредени периоди од денот. И во ограничени количини – само толку колку што ни собира во една дланка.

Доволно е да се консумираат само два до три пати неделно, помеѓу 17 и 19 часот во летниот период. Задолжително без додаток на шеќер.

Поврзани статии

Back to top button