Колку полнења може да ви издржи мобилниот?
Бројот на циклуси всушност е бројот на полнења кои може да ги издржи еден паметен мобилен телефон пред да почне да му ослабнува батеријата сама по себе. Се има рок на траење, па така и батериите од нашите смартфони.
Од позната компанија во Калифорнија советуваат: Ако го поврзете мобилниот на полнач и во текот на целата ноќ се полни тоа нема да и наштети на вашата батерија. Нема да дојде до забрзано ослабнување и оштетување. Она што е важно за батериите и нивниот рок е колку циклуси на полнење правиме и колку паметно ја користиме батеријата. На пример, ако го испразните вашиот паметен телефон на половина, а потоа го започнете полнењето, тоа се смета половина циклус. Од таму велат дека на просечниот паметен телефон батеријата може да издржи 400 циклуси на полнење, што значи дека може да издржи најмалку една година и половина. Се разбира, ова не е напишано правило – некои уреди може во пракса да издржат многу повеќе од тоа.
Впрочем, толкаво е и времето кои луѓето го поминуваат користејќи еден мобилен телефон, потоа набавуваат нов.