ЖивотУбави совети

Колку пати треба да вежбате во неделата за да бидете здрави?

Истражувачите од Универзитетот во Сиднеј откриле дека луѓето кои вежбаат само два пати во текот на неделата имаат мал ризик да заболат од рак, кардиоваскуларни и хронични болести за разлика од оние кои не вежбаат што значи дека за да бидете здрави не мора да одите во теретана секој ден!

Научниците анализирале околу 63000 луѓе и на основа на нивната студија дошле до заклучок дека кај оние лица кои вежбале само два пати неделно ризикот од болести и смрт е намален за цели триесет проценти. Тие сметаат дека само две тренинзи во текот на неделата можат да го продолжат вашиот живот.

Затоа, во текот на неделата издвојте два пати по петнаесет минути за вежбање тешки вежи или два до три часа неделно за полесна физичка активност како на пример, пешачењето. Можеби вежбањето само два пати неделно нема да го намали вашиот струк, ама со сигурност ќе ви овозможи добро здравје!

Поврзани статии

Back to top button