Колку долго може да стои пилешкото во замрзнувач? Важно е да направите 1 работа
Кога ставате храна во замрзнувачот, секогаш е паметно да ставите налепница над кесата на која ќе го напишете датумот на замрзнување. А кога станува збор за тоа колку долго е безбедно да се чува месото замрзнато, а потоа да се јаде, еве ги деталите. Според препораките на Американската агенција за храна и лекови, цело пилешко или мисирка може да остане во замрзнувач до една година. Меѓутоа, кога парчињата се замрзнати – пилешки гради, батаци или крилца, најбезбедно е да ги јадете во рок од девет месеци. Изнутриците не треба да се јадат ако се замрзнати повеќе од три или четири месеци, а кога се работи за свежо месо може да остане замрзнато и неколку месеци, во зависност од тоа дали е телешко или јагнешко…
Американската агенција за храна и лекови препорачува суровите стекови да се чуваат во замрзнувач до 12 месеци, а котлетите до шест месеци. Ако имате замрзнато месо по печењето, можете да го чувате до една година. Суровото свинско месо исечено на парчиња може да се чува во замрзнувач до шест месеци, а печеното свинско месо од четири месеци до една година. Преработеното месо, како сланина, колбаси, шунка и слично, не треба да се чува во замрзнувач повеќе од месец до два, додека меленото месо може да стои три до четири месеци. Вареното месо и рибата може да се чуваат во замрзнувач три до четири месеци, а кога станува збор за рибата, се зависи од видот. Имено, посната риба може да се чува во замрзнувач од шест до осум месеци, а мрсната риба има значително пократок рок на траење – од два до три месеци.