ЖивотУбави совети
Колач од 3 состојки готов за 5 минути!
Овој колач е навистина брз и лесен за подготовка, а е здрав и ќе сакате да го подготвувате често.
180гр црно чоколадо, 1 лажица јаворов сируп и пола шолја путер од кикирики.
Растопете го чоколадото на пареа, потоа измешајте го со путерот од кикирики и со сирупот. Во еден калап поставете хартија за печење и смесата префрлете ја во калапот па ставете го во фрижидер на ладење неколку часа. Откако ќе се здрви исечете го на коцки и служете го ладен.
На здравје!