ЖивотУбави совети
Кокосови кроасани
На брз и лесен начин поригответе кокосови вкусни кифлички. Филувајте ги по желба!
Состојки:
1 маргарин
450гр брашно
200гр кокос
1 прашок за печиво
1 чаша млеко
1 јајце
Од сите намирници направете убаво и меко тесто. Оставете го да постои околу 15 минути. Потоа расукајте кора на која ќе исечетe триаголници од кои ќе направите кроасани кои може а и не мора да ги наполните со фил. На заграна рерна на 180 степени печете ги кроасаните додека не заруменат.
Стопете 100гр темно црно чоколадо и прелијте ги. Добар апетит!