Кои се петте навики на паметните луѓе?
Скоро и да не постои личност која за себе не мисли дека е мудра, умна и интелегентна, но, не секогаш е лесно да се процените реално себе си. Има неколку животни правила кои ќе ви откријат дали сте на прав пат а воедно и ќе ве мотивираат.
Паметните луѓе:
Никогаш не ги обвинуваат другите луѓе за своите одлуки и грешки. Секогаш, свесно си ги признаваат грешките и на себе си не гледаат со жалење.
Не реагираат бурно и агресивно кога се соочуваат со неистомисленик.
Не мислат дека се подобри од сите други. Се обидуваат да помагаат и да мотивираат други бидејќи не се плашат дека ќе бидат засенети.
Не инсистираат да бидат секогаш во право. Умеат да го согледаат проблемот кој се наоѓа на спротивната страна, и да споделат различни аргументи.
Не ги игнорираат туѓите чувства и потреби. Интелегентните луѓе како по правило се добри и дарежливи. Даваат без да очекуваат било што за возврат.