ЖивотУбави совети

Низа прашања што жените сакаат да ги слушнат од мажите со кои се во врска!

Има цела низа прашања што жените сакаат да ги слушнат од мажите со кои се во врска, особено кога врската е на почетокот.

Секоја жена сака да знае дека мажот со кого е во врска, или со кој можеби ќе започне врска, е заинтересиран за нејзиниот живот, дека сака да ја запознае подобро, а исто така сака и маж со кого може да разговара за сите теми.

1. “Ако можеш да избереш да живееш некаде во светот, каде би било тоа?”
Ова прашање може да започне еден многу интересен разговор. Нека имагинацијата лета и патува низ светот со мислите … Возбудливо и романтично!

2. “Што сакаш од животот?”
Жената сака да знае дека мажот сериозно ја разбира нејзината работа и амбиција. Покрај тоа, ова прашање може да отвори многу други теми кои водат кон разговор за тоа што и двајцата сакаат во животот, не само кога станува збор за бизнис.

3. “Каква беше кога беше дете?”
Ова прашање на многу жени им буди насмевка и ги враќа во безгрижните денови од детството. И толку е слатко кога еден маж е заинтересиран за тоа каква била жената како малечка.

4. “Може ли да ти помогнам?”
Единствената подобра работа од тоа еден маж да ја праша жената дали да и ги носи кесите од шопингот, е да и ги земе од рака без да ја праша.

5. “Каде би сакала да патуваш?”
Со ова прашање мажот покажува дека има широки перспективи и можеби ќе заклучите дека сакате да патувате на истото место, па зошто да не одите заедно?

6. “Кој беше последниот концерт на кој присуствуваше?”
Жените се согласуваат дека ова прашање сакаат да го слушнат многу повеќе од стандарното прашање каква музика слушаат… Прашањето за концертот е поспецифично и исто така можете да го продолжи разговорот разговарајќи колку добро сте си поминале.

7. “Како си?”
Толку едноставно, и често толку заборавено прашање.

 

Поврзани статии

Back to top button