ЖивотУбави совети
Кои мажи остануваат сами?
Убаво е кога сте сигурни во себе и кога нема нешто што би можеле да го промените кај себе си. Да, одлично е да сте успешен и самоуверен на секое поле! Но, кога станува збор за љубовта, тоа дефинитивно не е добро. Самодовербата е многу чудна карактеристика кај жените и мажите. Сепак, треба да се знае кога е време и место за да се потенцира оваа карактеристика.
Психолошка студија на американски универзитет покажала дека самодовербата може да помогне, но под услов да не е претерана. Голем процент од мажите благодартение на оваа особина се сами, или во краткорочни врски. Мажите кои поседуваат голема самодоверба и тоа го истакнуваат во секоја ситуација се најверојатно помалку самокритични а тоа и смета на секоја една жена.