ЖивотУбави совети

Кои мажи бараат задоволство надвор од бракот и домот?

Според хороскопот некои мажи имаат склоност да експериментираат љубовно надвор од бракот, погледнете кои се тие хороскопски знаци:

Овен – Тие се исклучително маженствени и лесно може да се одлучат да склучат брак. Овие мажи се свесни за одговорноста која ја носи бракот, но сакаат постојано да доминираат. Покрај желбата за убава жена, тие сакаат паметна и способна жена покрај нив. Иако очекуваат жената да им пружи доволно слобода, тие често уживаат емоционално на друга страна, надвор од куќата и во бракот.

Бик – Бикот е исклучително посветен на семејниот живот. Неговата сопруга и децата му се на прво место. Тој дава сѐ од себе за да им ги обезбеди најдобар живот. Инаку, тој е многу нежен и добродушен знак, а екстра голема доблест е неговата страст. Тој е еден од најстрасните знаци, па ако жената не го задоволува и возбудува доволно, тој е склон да побара физичко задоволство на друго место.

Шкорпија – Мажот со знак Шкорпија е исклучително љубоморен и посесивен, и често со него во брак не цветаат со рози. Сепак, жената може малку да го смири… сè додека редовно ја покажува и докажува својата љубов кон него. Тој не сака силни и доминантни жени, бидејќи тој се смета за глава на семејството. Тој е многу страстен и добар љубовник, но само каде што тој се чувствува помоќен. Доколку жената заработува и е поспособна од него, тој надвор од бракот ќе најде жена со која ќе може да владее само за да го задоволи своето его.

 

Поврзани статии

Back to top button