Кои грешки ги прават родителите?
Нема учебник или упатство за тоа како да се биде добар родител. Колку и да се трудат да бидат совршени, родителите се луѓе кои понекогаш знаат да погрешат.
Кои грешки ги прават некои родители, а не би смееле доколку сакаат да израснат здраво дете без фрустрации и трауми?
Прескокнување на разговор
Прашањата како што се: „Како си го помина денот?“, „Дали си среќен/а?“, „Што има ново?“ можеби звучат како клише, ама имаат исклучително важна функција во животот на детето. Кога родителот редовно покажува интерес за случувањата во животот на неговото дете, детето има можност да ја почувствува родителската љубов и сфаќа дека е важен член на семејната заедница.
Неограничено седење пред екран
Денеска со децата комуницираме преку смс пораки, наместо очи в очи што не е здраво. Психолозите сметаат дека времето потрошено пред екраните предизвикува децата да бидат изолирани и да не се емоционално блиски со своите родители.
Непрекинат притисок да биде најдобро
Некои родители веруваат дека непрекинатиот надзор ќе му помогне на детето да биде одговорно и успешно. Меѓутоа, таквиот начин на контрола води до перфекционизам, а грешки се случуваат. Ако детето сфати дека некоја работа не може да ја направи совршено добро како што очекуваат неговите родители, тоа води до фрустрации.
Понижување и закани
Не смеете да го понижувате детето и да потенцирате дека нема вредности, особено не јавно доколку не сакате да израснете истрауматизирано дете. Истото важи и за заканите. Или ќе изгубите авторитет или ќе имате дете кое постојано ќе живее во страв.