Кое масло е најздраво? За едно сите мислат дека е здраво, а грешат!
Неизбежно е да користите некакво масло при подготовката на храната, а бидејќи ги има различни, постои голема забуна околу тоа кое е поздраво. Австралиската диететичарка Мелиса Мајер објасни како стојат работите и што е најздраво. Од друга страна, ќе ве изненади со она што не го смета за особено здраво!
Маслата за јадење се чисти масти, од кои многу „се плашат“, но факт е дека мастите ни се потребни во исхраната. Диететичарот истакнува дека здравите масти се добри за здравјето на срцето и мозокот, како и дека му помагаат на нашето тело да апсорбира одредени хранливи материи.
Но, не сите масти се исти. Постојат здрави видови на масти наречени незаситени масти – овој вид на масти го зголемува нивото на добриот холестерол и придонесува за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Има и заситени масти кои не се толку здрави, особено ако се консумираат во големи количини – го зголемуваат нивото на лошиот холестерол, а со тоа и ризикот од срцеви заболувања.
Дали маслото за јадење содржи добри или лоши масти зависи од неговите состојки – маслинки, јаткасти плодови, семиња… Масла кои имаат повеќе здрави масти се маслото од репка, маслиново масло, масло од авокадо, бадемово масло и сончогледово масло.
Сепак, препорака е маслиново масло, кое не само што содржи многу добри масти, туку и не е рафинирано.
Списокот на масла кои Мејер не ги смета за толку добри вклучува кокосово, палмово и масло од палмово јадро.
„Иако кокосовото масло е „тренди“, содржи повеќе од 90 проценти заситени масти, поради што не го препорачувам“, вели таа, додавајќи дека е во ред да го користите повремено ако ви се допаѓа вкусот, но не го препорачуваме за секојдневна употреба.
Секако, кога се во прашање маслата, нејзиниот совет е да внимавате на количината, дури и ако ги користите оние кои се сметаат за здрави. Посочува дека е во ред нешто да се пржи, но дека треба да избегнувате пржење на длабоко масло. Преферирајте варење и печење.