Од насУбави муабети

Кога убава жена се смее, паричникот плаче!

Во најкратките реченици секогаш се сместени најголемите вистини, особено ако тие се кажани од обичниот народ кој својата мудрост и знаење ги стекнал од животното искуство, а не од учебниците.

Народните поговорки кои се пренесуваат од колено на колено секогаш се интересни и иако биле кажани пред неколку века, тие и денес се актуелни и точни. Ги одбравме најубавите народни поговорки од шармантната Италија, земјата на убавите жени…

Утрото е мајка на работата, ноќта на мислите.

Ако некој се смее без причина, нема домашно воспитување.

Можеме да го изуситиме она што не го знаеме, ама не можеме да го дадеме она што го немаме.

Еден цвет не прави букет.

Кога убава жена се смее, паричникот плаче.

Движи се полека за да не кренеш прашина.

Наутро, виното е олово, на пладне – сребро, а навечер е злато.

Убавината има слатки лисја, ама горки плодови.

Кој е нестрплив, тој никогаш не бил заљубен.

Понекогаш устата се смее, ама срцето плаче.

Нема свадба без солзи како што нема ни погреб без малку смеа.

Колку повеќе го жртвуваш своето јас, толку посилна е твојата љубов.

Странски јазик подобро се учи од книга, отколку во училишна клупа.

Работното место кое најмногу ни се допаѓа обично е најмалку платено.

Кој не сака деца, тој не знае што е љубов.

Љубовта е слепа на почеток, ама потоа гледа на далечина.

Каде што недостасува сила, надокнадуваме со волја.

Подобро е да живееш една година како лав, отколку сто како овца.

Поврзани статии

Back to top button