Кога кучето би било ваш учител би ве учело на важни лекции!
Дали некогаш сте се запрашале што би било доколку вашето куче е ваш учител? Би ве научило на некој работи кои ги немате учено на училиште, а многу се важни. Потребни се секој да ги знае за полесен и поубав животен тек.
Кучето би ве научило:
Да живеете едноставно!
Да сакате со цело срце!
Да зборувате пристојно!
Да цените и да се грижите вистински!
Никогаш да не глумите дека сте нешто што не сте. Кога член од семејството ќе дојде дома да станете и да го поздравите, со насмевка да му посакате добредојде. Никогаш да не ги испуштате приликите за игра и забава. Да се истегнете пред да станете од креветот. Да поспиете кратко во текот на денот. Да трчате и спортувате секој ден. Да побарате внимание и да дозволите да ви се приближат непознати луѓе. Да уживате во свежиот воздух и сјајното сонце. Да му се радувате на снегот како мало дете. Да сакате, почитувате и да бидете благодарни. Кога ќе ви се даде прст да не ја барате целата рака. Да бидете благодарни што имате што да јадете и пиете. Да знаете да се одморите под сенка во топлите денови. да пиете многу вода. Да се радувате на животот и на секое ново утро!