Убави книги и филмови

Книги кои ќе допрат и до најцврстите срца!

Љубете го пишаниот збор, збогатете го речникот и запознавајте се со нови мистериозни приказни и ликови!

Опасен онлајн разговор (Сара Дарер Литман) Сакам да ти го чујам гласот…Сакам да те видам… Сакам да те запознаам… Аби тргнува во средно училиште, треба да е возбудена, но не е. Напротив, таа е исплашена затоа што никогаш не била меѓу популарните деца. Таа е убава и паметна, но воопшто не верува во себе. Сите ѝ велат да се потруди околу својот изглед, но таа се прашува зошто не ја оставаат да биде своја, зошто ја тераат да се преправа дека е нешто што не е? Аби се чувствува како претходно среќниот живот да ѝ се лизга низ прсти. Единствената работа во која ужива се разговорите со Лук, момче кое го запознава на интернет, единствениот кој ја разбира. Онлајн разговорите со Лук делуваат некако опасно, но сепак добро – тој е нејзината тајна, а таа неговата. Тогаш Лук ја замолува да се сретнат и таа прифаќа. Но Лук не е оној кој Аби мисли дека е.

Елеонор и Парк (Реинбоу Ровел) Првата љубов не се заборава никогаш. Две необични личности кои никако не можат да се вклопат никаде… И една исклучителна љубов…Еленор… Црвена коса, чудна облека. Таа е новата девојка во градот, со хаотичен семеен живот, со диви, смешни локни – таа не би можела да стрчи повеќе дури ни кога намерно би се обидувала. Еленор… Таа прави сите други да изгледаат премногу обично и бледо и секојдневно и… никогаш доволно добри. Парк е момчето кое седи во задниот дел на автобусот. Црни маици, големи слушалки за музика, главата забиена во книга – тој мисли дека успева да биде невидлив. Но не и за Еленор… никогаш за Еленор. Тој знае која песна таа ќе ја засака уште пред да ѝ ја пушти. Тој се смее на нејзините шеги уште пред таа да стаса до смешниот дел.

Крадец и проститутки (Рута Шепетис) 14ти Јуни, 1941 година
Тие ме зедоа облечена само во ноќница. Тоа не беше тропање. Тоа беше страшно трескање кое ме натера да потскокнам. Тупаници удираа по нашата влезна врата. Внатре во куќата никој не мрдаше, никој не пушташе глас. Станав и ѕирнав во ходникот. Мајка ми стоеше залепена за ѕидот, нејзините очи затворени, а лицето згрчено од вознемиреност. Таа се молеше. Советите нѐ натискаа во камион како стока: жени, деца, стари и изнемоштени, штотуку породени со бебиња. Воз полн со учени луѓе, професори, адвокати, уметници… рекоа сме биле криминалци обвинети за контрареволуционерни активности. Најпочитуваните и најдостоинствените луѓе од Литванија, Латвија и Естонија, а вагонот во кој се возевме беше обележан со табла „Крадци и проститутки“

 

Поврзани статии

Back to top button