Убави книги и филмови

Книги кои ќе го задржат вашето внимание до самиот крај!

Испратете ја годината дружејќи се со супер интересна книга. Наш предлог за денес со подолу наведените три современи класици кои вредат да бидат дел од вашата домашна библиотека. 

Оди, постави стражар (Харпер Ли) Една брилијантно напишана книга за американскиот Југ, за една млада жена која спознава дека нејзиниот татко не е совршен, не е Бог. Јунаците може да паднат, а понекогаш тоа е и неопходно. „Оди постави стражар“ е книга за паднатите идоли и за одземањето на илузиите. Книга за промената и за тоа колку им е на луѓето тешко да се разделат од своите идентитети и да продолжат понатаму, кон иднината. А чуварот на секој човек е токму неговата совест.

Презир (Алберто Моравија)  Младиот Рикардо Молтени, кој на себе гледа како на писател-интелектуалец, 
има работа што ја презира за продуцент, кој исто така го презира. Неговиот ангажман е осмислен само од желбата да ги задоволи потребите на својата жена Емилија со цел да ја осигури нејзината љубов. Но, два инцидента ги гасат љубовните искри. Првиот: Емилија го фаќа Рикардо како се бакнува со неговата секретарка. Вториот: продуцентот Батиста го кани младиот брачен пар во својата куќа,
но во неговиот спортски двосед има место само за Емилија, па таа останува подолго време сама со Батиста. Емилија смета дека е вулгарно понудена на продуцентот,
за Рикардо да напредува во кариерата. Дали инцидентите го означуваат почетокот на процесот на дезинтеграција на бракот или тој треба да се бара многу порано:
во здодевноста и навиките, во егоизмот и нарцисоидноста, во трајното отсуство
на интерес да се разберат жртвите што ги бара љубовта? Бескомпромисна анализа на очајот и самозалажувањето во емоционалниот вакуум на модерните консумерски општества, Презир ги содржи сите квалитети што го прават стилот на Моравија препознатлив: студената прецизност на изразот, минуциозните портрети на психолошки комплексни личности и храбрите описи на сексуалноста. Во 1999 година, според анкета на францускиот весник „Ле Монд“.

Ноќна шума (Џуна Барнс) Ноќна шума, најпознатото дело на енигматичната Џуна Барнс, e еден од најраните романи од реномиран автор во кои експлицитно се обработува хомосексуалната љубов. Делото минува низ цела одисеја од обиди и одбивања, редакции и цензури, сè додека Т. С. Елиот не ја препознае неговата несомнена вредност и не го препорача за објавување во годината на нацистичката Олимпијада. Своето место во книжевниот пантеон го има обезбедено пред сè поради неговиот речиси непреводлив и уникатен стил, кој од првата страница го открива присуството на голем и неодминлив автор. Тешкиот, лирски евокативен, јакобински раскошен и декадентно готски јазик на Џуна Барнс искричаво се распрснува низ секоја од страниците на нејзиниот tour de force роман, нурнувајќи го читателот во превртениот свет на европските Бурни дваесетти и обликувајќи еден од најнезаборавните ликови во историјата на целокупната светска книжевност: доктор Метју О’Конор.

Поврзани статии

Back to top button