Убави книги и филмови

Книги кои ќе ви приредат вистинско задоволство!

Ние ви предлагаме интересни книги, ние ви предлагаме среќен и богат живот! 

Детето на степата (Волфганг Јетке) Првата книга од историската трилогијата која го опишува животот на Скитите. Прекрасна приказна за љубовта, храброста и страдањата на едно момче кое неможе ни да сонува што се ќе му донесе животот во јужноруските Степи…

Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин (Ренсом Ригс) Мистериозен остров, напуштен дом за сираци- чудна збирка на многу необични фотографии. Сето тоа чека да биде откриено во Домот за необични деца на госпоѓицата Перегрин, незаборавен роман, кој ја меша фикцијата и фотографијата во едно возбудливо читателско доживување. Како што почнува нашата приказна, ужасната семејна трагедија на шеснаесетгодишниот Џејкоб го наведува на патување на далечен остров далеку од брегот на Велс каде што тој ги открива урнатините на распаднатиот Дом за необични деца на госпоѓицата Перегрин. Како што Џејкоб ги истражува напуштените спални соби и ходници, така станува јасно дека децата на госпоѓицата Перегрин биле нешто многу повеќе од необични. Тие, можеби, биле опасни. Тие, можеби, биле изолирани на напуштен остров со добра причина. И некако – невозможно како што изгледа – тие, можеби, се сѐ уште живи. Вртоглаво заплетканата фантазија во сенишно старите фотографии, Домот за необични деца на госпоѓицата Перегрин ќе им приреди задоволство на возрасните, на тинејџерите и на секој тој што ужива во авантурата на сенките.

Збогум, Жанет (Харолд Робинс) Благодарение на остриот инстинкт и богатата сензуалност, Тања Појарска успева да го преживее виорот на Втората светска војна и да стекне големо богатство. Нејзините две ќерки ја наследија мајчината убавина, страст –и завештание- болката и амбицијата. Од детството полно со мрачни сексуални стравотии, Жанет се издига до богатство и слава како божица на високата мода- додека нејзината полусестра, Лорен, се вклучува во вртоглавата сцена на светската декаденција што за малку ќе ја уништи. Од Франција под нацистичка окупација до Њујорк, Калифорнија и Сен Тропе, трите исклучителни жени се обидуваат да ја сочуваат тајната на заедничкото минато- и се осмелуваат да ги остварат своите најсмели сништа. Во романот Збогум Жанет, Харолд Робинс го открива светот на богатството, моќта и еротиката- во кој убавината и сексуалноста се обожаваат, купуваат и продаваат , свет во кој три жени се борат за исполнување на своите желби.

 

Поврзани статии

Back to top button