Книги кои вредат да бидат прочитани!
За денес одбравме три книги кои ќе го задржат вашето внимание се до последната страница…
Париз не ве остава (Елен Фелдман) Војната е завршена, но минатото никогаш не е минато. Откако ја преживеала Втората светска војна со ќеркичката Виви, работејќи во книжарница во Париз и борејќи се за својот живот, Шарлот не е жртва, туку борец за гол живот. Но, може ли да го преживее следното поглавје од животот? Како комбинација од животот во окупираниот Париз и во Њујорк од педесеттите години, книгата Париз не ве остава е неверојатна приказна за издржливост, љубов и невозможни одлуки, и проникнува во тоа како опстанокот никогаш не се случува без одредена цена.
Бегај (Харлан Кобен) Твојата ќерка е исчезната. Зависничка е од дрога и од момче кое ја малтретира. И ти ставила јасно до знаење дека не сака да биде најдена. Потоа, сосем случајно, ја гледаш како настапува како уличен изведувач во њујоршкиот Централ парк. Но, таа не е девојката која ја паметиш ти. Оваа жена е изгубена, исплашена и очигледно во неволја. Не размислуваш ни за момент. Ù приоѓаш, ја молиш да се врати дома. Таа бега. И ти ја следиш во мрачниот и опасен свет кој никогаш не си знаел дека постои. Во кој владеат криминалните банди, каде што дрогата е главна валута, а убиствата нешто вообичаено. Сега твојот живот е во опасност. И никаде и никој не е безбеден.
Разделба (Силвија Араси) Отсуство. Што да се прави со тој празен простор, со таа тишина што обзема сè? Како да се издржат бесконечните секунди во кратките секојдневија, кога некој веќе не е присутен каде што секогаш бил? Едно утро, Лусија се буди и гледа во човекот што спие покрај неа – како и секое утро во последните петнаесет години. Но, во следните неколку часови, тој човек ќе биде нејзиниот поранешен сопруг и ќе го напушти нејзиниот кревет, нејзиниот дом, нејзиниот живот. Преку својата јасна и воодушевувачка проза, Силвија Араси нè вклучува во секојдневието на протагонистката, во нејзините емотивни состојби и нејзините спомени. Ликот на Лусија ќе го препознаваме секогаш кога отсуството ќе биде дел од нашите животи.