Како учењето да биде забавно?
Постојат деца кои сакаат да одат на училиште и немаат проблем со учењето и изработката на домашните задачи. Но, има и деца за кои учењето и задачите претставуваат кошмар. Како родители, може да им го олесните тоа на вашите деца.
Интересен работен простор
Определете простор во домот каде децата ќе ја пишуваат домашната задача и нека биде интересен за око. Дозволете им сами да го уредат. Како што возрасните сакаат да работат во убава и креативна средина, така сакаат и децата. А, ако веќе сакаат да пишуваат на трпезариската маса или во дневната соба не им го забранувајте тоа!
Оставете ги да се сконцентрираат
Би можеле ли вида да бидете фокусирани ако постојано ѕвони телефонот, телевизорот е вклучен и ви доаѓаат луѓе на кафе? Ако не можете вие, зошто децата би можеле? Затоа, додека учат и пишуваат домашна работа, оставете ги во мир и тишина. Повлечете се во кујната или спалната.
Нека собираат поени за награда
Системот на награди е многу важен и децата треба да го спознаат од најрана возраст. Може да им давате по еден поен за секоја завршена задача. Па, со собирање на неколку поени да добијат некоја награда, на пример со пет поени да добијат одење во кино, со десет нова игрчка, со дваесет нови тренерки итн… Научете ги дека се она што го добиваат, треба да го заработат и заслужат.