ЖивотУбави совети

Како до поквалитетна и долготрајна зимница?!

Подготовки на мармалади, џемови … генерално се складираат поголеми или помали количини од сезонските овошки и зеленчуци во тегли е еден начин на подготовка на зимница.

Старите експерти, кои имаат големо искуство во овој бизнис, препорачуваат користење на највисок квалитет на овошје и зеленчук, како и за готвење препорачуваат алуминиумски и дрвен прибор.

Што се однесува на теглите за чување на храната за зимница, најдобро е да бидат добро фиксирани при самото затворање и темелно чисти. Теглите и капаците треба да се измијат и стерилизираат во врела вода (барем 10 минути) и да се исцедат и пребришат пред полнење.

Некои тегли се стерилизираат така што ќе бидат отворени околу 5 минути во загреана рерна на 200 степени или десет минути на 150 степени.

После полнење на теглите пред самото затварање со капакот може да ги пребришете и капакот и врвот од теглата со чист алкохол кој ќе делува антибактериски и ќе додаде посебен шмек особено на мармаладот.

Исто така, кога станува збор за топли зимници (мармалади, џемови, сокови …), добро е да ги поставите наопаку, значи капакот да биде одоздола некое време за добро да се фиксираат.

Поврзани статии

Back to top button