Како да се справите со нискиот притисок?
Нискиот крвен притисок уште се нарекува и хипотензија. Иако не е толку страшен како високиот крвен притисок сепак може да предизвика појава на одредени симптоми како што се: гадење, вртоглавица, замор, депресија, забрзано дишење, бледнење на кожата, неспособност за брзо концентрирање, заматен вид и во многу ретки случаи и несвестица. Постојат неколку начини кои ќе ви помогнат да се справите со овој проблем:
Немојте да претерувате со кафето: Кофеинот го крева притисокот моментално, но потоа предизвикува дехидратација, па притисокот станува уште понизок.
Балансирајте со оброците: Не треба да се изгладнувате, ниту да се прејадувате. Во текот на денот имајте пет помали оброци, наместо два или три кои ќе бидат обилни.
Пијте вода: За да го нормализирате притисокот, пијте доволни количини на вода, јадете овошја и зеленчук кои се богати со вода и јадете супа неколку пати во неделата.
Внесувајте витамини и минерали: Витаминот Ц, железото и калциумот се одличен избор за оние кои патат од низок крвен притисок.
Газирано и солено: За моментално да го покачите притисокот доволно е да се напиете чаша газиран сок или да се напиете чаша јогурт со половина лажичка сол. Сепак, ова не треба да го правите често, а доколку нсикиот притисок ве спречува да функционирате нормално задолжително обратете се кај својот лекар.