ЖивотУбави совети

Како да се спасите од несоница прочитајте тука!

Имате проблем со тешко и долго заспивање? Се будите среде ноќ и не можете да презаспиете? Станувате многу порано од алармот?

Често пати се вели дека несоница им се случува на повозрасните, но со тек на времето се покажа дека несоницата не бира возраст, ни пол. Според стручна класификација несоницата се дели на два вида: секундарна и примарна. Секундарна несоница се должи на различни физички и ментални болести. Примарна несоница не е поврзана со здравствени проблеми и е само нарушување на спиењето.

Експертите велат дека на човек му се доволни седум часа сон во текот на една ноќ. Но, сепак тоа е индивидуално. На некои луѓе им се потребни пет или шест часа сон за да се разбудат свежи и одморени, а пак на некои осум или девет часа сон.

Спречете ја несоницата со тоа што ќе го смените начинот на живот, текот на денот.

Намалете го стресот.

Спортувајте барем триесетина минути дневно и нека биде наутро или попладне.

Не се преморувајте.

Избегнувајте кафе, газирани пијалоци, никотин, алкохол, црн и зелен чај.

Внимавајте и на исхраната. Доцна вечера е забранета. Избегнувајте овошје во доцните часови.

Исклучете го компјутерот и тргнете го мобилниот од пред очи барем еден час пред легнување.

Пробајте да легнувате и да станувате секој ден во исто време.

Избегнувајте ги попладневните дремки, или намалете ги на половина час и ништо повеќе.

Поврзани статии

Back to top button