ЖивотУбави совети

Како да се ослободите од мозолчињата преку ноќ?

Направи сам – трикови кои се секогаш добредојдени! Ви откриваме како да се ослободите од мозолчињата преку ноќ.

Скршете еден аспирин и додадете малку вода за да направите паста. Нанесете го на мозолчето и оставете го преку целата ноќ.
Паста за заби има сличен ефект.
Топлите облоги го ублажуваат црвенилото и отокот предизвикани од мозолчиња.
И на крај, иако генерално не се препорачува, исто така можете да го притиснете мозолчето. Прво, дезинфицирајте го мозолчето и кожата околу него. Користејќи чисти ракавици, притиснете го мозолчето и кога ќе излезе целата содржина, повторно дезинфицирајте ја кожата.

Како да спречите појава на мозолчиња?

Редовно чистете го лицето со тоник и користете хидратантни креми.
Отстранете ја шминката веднаш штом ќе се вратите дома.
Наместо да се миете со вода, направете го тоа со млак чај од камилица. Камилицата го ублажува црвенилото.
Пијте многу вода и избегнувајте храна што влијае на појавата на мозолчиња (слатки, шеќер, сол, зачинета храна).
И на крај, ако имате проблем со акни, консултирајте се со специјалист. Дерматолог дефинитивно ќе го дизајнира најдобриот план за лекување за вас!

Поврзани статии

Back to top button