Како да се облекувате на почетокот од есента?
Септември и октомври се месеци кога утрата се доста студени, а деновите се уште се топли. И можеби ви изгледа како невозможна мисија да бидете убаво облечени, сепак овој период од годината е совршен за впечатливи комбинации бидејќи може да си играте со боите и материјалите. Летото е прежешко за повеќе парчиња облека, а зимата е престудена за да носите здолништа и впечатливи чевли, па затоа токму овој период од годината е иделано време за да ги прошетате совршените модни комбинации. Ви нудиме три предлог комбинации со здолништа кои ќе направат да изгледате уникатно.
За опуштени и неформални средби, како на пример кафе со пријателките, прошетки низ парковите или шопинг направете штосна комбинација од здолниште со принт и краток дуксер или џемпер. Заборавете на неудобните високи потпетици и ставете патики или балетанки,
За вечерни излегувања, романтични состаноци или коктел забави, задолжително во овој период од годината имајте плисирано здолниште во среберна или златна нијанса. Комбинирајте го со црни маички, тесни кошули или ролки.
А, за моќен деловен изглед на почетокот на сезоната доволни ви се раскроени здолништа или фустани со должина под колената и квалитетна кожена јакна или сако во црна или крем боја.