Како да зготвите совршен ориз? Следете неколку чекори за да не направите леплив ориз
Сакате да направите совршен, мек ориз? Ова не е лесен процес, но ако следите некои мали трикови, сигурно ќе успеете.
Кафеавиот или белиот ориз е основната храна на многу јадења, а неколку работи ќе ви помогнат да има совршен вкус.
Се вари со вода и сол
Откако ќе го исплакнете оризот, истурете свежа вода (за секоја шолја ориз користете 1 и ¾ шолја вода) во големо тенџере со капак. Оставете да зоврие, а потоа измешајте една кафена лажичка сол. Најдобро е да користите дрвена лажица. Обидете се да не мешате премногу, бидејќи тоа може да предизвика леплив ориз.
Затворете го тенџерето и динстајте
Намалете ја температурата на најмалку степени. Оставете го оризот да се крчка нешто помалку од 20 минути, а потоа тргнете го од оган и оставете го оризот на пареа во тенџерето уште 5 минути.
Користете вилушка
Непосредно пред сервирање, лесно измешајте го оризот со вилушка за да се одвојат зрната.